НАШАТА ПРИКАЗНА

КОЛА започна како мала фамилијарна компанија во 1992 година, со визија да стане најдобрадистрибутерскaкуќa во регионот -најдобро организирана, со најсовремени софтверски решенија, лидер во воведувањето на светските новитети. Уште на самите почетоци КОЛА го избра квалитетот како единствена мерка за успех.

Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, КОЛА денес е компанија која ги поместува границите на регионалниот пазар.

Големиот број интегрирани системи што се основа на работењето на КОЛА придонесуваат за квалитетна имплементацијата, широка анализа на работењето и постојано унапредување на сите процеси. Успехот се базира и на одговорноста што компанијата ја негува во сите аспекти на бизнисот, како и максимално посветената и професионална работа на повеќе од 240 вработени.

Сето ова се потврдува со долгогодишната соработка со повеќето принципали, со дел од нив од самиот почеток на нивното бизнис-патување. КОЛА е дистрибутер на светски познати брендови за лична нега и домашна хигиена, како и многу прехранбени производи и пијалаци. Преку партнерски однос со принципалите и размена на know-how, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата.

КОЛА располага со вкупно 10.192 м² складишен простор, со 9.209 палетни места на една локација, изградени и опремени според сите стандарди за складирање и манипулација со различните видови производи што КОЛА ги има во своето портфолио

Транспортот на производите го врши компанијата КОЛА ЛОГИСТИКА, основана со цел да обезбеди највисок квалитет, брз и сигурен транспорт на стоката. Вкупниот возен парк се состои од 21 камион, 22 комбиња, 75 мини-комбиња и 21 автомобил. Своето долгогодишно искуство КОЛА го пренесе и на компанијата ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК, која од 2010 година самостојно функционираво истата дејност.

Ние не сме различни во она ШТО го правиме, но се разликуваме според начинот КАКО го правиме тоа.

WE DELIVER THE BEST TO THE BEST

Назад