Зошто ние?

Како компанија која секогаш гледа многу понапред во иднината, секогаш имплементираме напредни информатички технологии во нашето работење со цел да останеме лидери на пазарот на кој дејствуваме.

Од самиот почеток е имплементиран современ ERP софтвер (UPIS) за поддршка на комплетното работење на компанијата, кој во својата функционалност содржи B2B пристап, современ и „tailored made“ WMS приспособен на нашите потреби, кој функционира по FEFO систем (First Expired First Out).

Нашиот модерен менаџмент при донесувањето одлуки се базира на високо развиената контролинг-функција која му овозможува широк спектар на извештаи и показатели. Континуираното следење на деловното работење со помош на модерен BI софтвер (Data Sense Business Intelligence Software)

за поддршка на управувањето му помага на контролингот во реално времеда го следи и анализира движењето на сите деловни функции и на тој начин станува вистински советник и партнер на менаџментот при донесување одлуки. Развојот на контролингот продолжува со имплементација на модул Sales Controlling, како дел од проектот Front Line Sales Managment, кој пак, од друга страна, е поддршка на продажната сила во нашата компанија, односно дополнителна алатка која овозможува максимално искористување на пазарната моќ на пазарот на кој дејствуваме. За поддршка на Sales Controlling е имплементирана апликацијата FLSM.

ГПС-системот е инсталиран во сите возила и податоците се синхронизираат во DataSense BI.

Менаџментот е одговорен за одлуките што ги носи, а контролингот за информациите врз чија основа се донесени тие одлуки.

Назад