ЛОГИСТИКА

За навремена достава е задолжена компанијата КОЛА ЛОГИСТИКА, која работи in-house за компаниите КОЛА и ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК.

Целосната дистрибуција е организирана од централниот магацин во Скопје и секојдневно се врши со 39 товарни возила, од кои 18 комбиња и 21 камион.

Капацитетот на возилата за превоз на стока е од 1.100 кг до 10.000 кг. Со ваков возен парк е овозможено ефикасно сервисирање од најмали до најголеми клиенти.

Со 39 возачи на возниот парк, дневно поминуваме 5.100 километри или на годишно ниво над 1.400.000 километри.

Во текот на една година возниот парк на КОЛА ЛОГИСТИКА испорачува 21.000 тони стока до 3.600 купувачи.

Секојдневно нашите возила се присутни на над 530 локации низ државата.

За поефикасна испорака, организирани се 4 Cross Docking точки низ државата каде што вкупно 8 возила преземаат дел од стоката испратена од магацинот во Скопје, а со цел испораката и во најоддалечените точки во државата да биде во рок од 48 часа од нарачката.

Светските новитети во транспортот ги следиме и ги имплементираме тековно.

Како дополнувањена постојниотГПС-систем, во тек е имплементацијата и на Transport Management System,кој секојдневно се синхронизира со BI системот во контрола и овозможува разни извештаи од типот на: трошок по испорака, ефикасност на испорака, профитабилност од рута, како и клучни показатели за ефикасност по вработен, купувач итн.

Назад