Складиште

Дистрибутивната компанија КОЛА во декември 2018 официјално ја заврши изградбата на новиот дистрибутивен центар. Со тоа, заедно со постојниот магацин,се стекна со складишен простор од 10.192 м2 со вкупно 9.209 палетни места на една локација.

Специјализиран магацин за HPC производи – 1.960 м2 со 1.768 палетни места

Магацин за прехранбени и HPC производи – 8.232 м2 со 8.284 палетни места

Вкупната површина на новиот дистрибутивен центар изнесува 8.232 м2, односно приземје од 3.957 м2, подрум (3.883 м2) и галерија (392 м2). За поефективно и поефикасно работење во новиот дистрибутивен центар е направена надградба на веќе постојниот софтвер за магацинско работење, кој функционира по FEFO (First Expired First Out) стандард. Воведени се највисоки безбедносни стандарди во согласност со европските нормативи: спринклер систем, посебна просторија за биоцидни производи и посебна просторија за запаливи материјали. Како што налагаат стандардите, објектот е дизајниран комплетно да бидат одвоени хемиските од прехранбените производи, а сепак е запазена врската да бидат поврзани со административниот и логистичкиот дел со посебна сообраќајница.

Посебно внимание е посветено во делот на ИСО и ХАЦЦАП-стандардот.

Просторот наменет за оброци и пауза е дизајниран така што вработените пред и по оброкот мора да поминат низ посебен санитарен јазол и да ја запазат процедурата за одржување хигиена на сите што доаѓаат во допир со прехранбени производи и покрај тоа што производите се спакувани во фабрички пакувања.

Направено е посебно Co-Pack одделение од над 200м2, кое треба да одговори на барањата на пазарот во делот на креирање посебни сетови, правење наменски акции итн. Co-Pack одделението е поврзано со складишниот дел преку товарен лифт кој овозможува спакуваните производи брзо да се најдат во делот за комисионирање. Co-Pack одделението брои 14 вработени.

Со цел следење на константниот раст на брендот Lavazza, изграден е посебен складишен дел наменет како поддршка на сервисот Lavazza, што ќе овозможи брза логистичка и сервисна услуга на клиентите.

За да се канализира процесот на прием и испорака на стока, со 12 високопрофесионални рампи од шведскиот бренд ASSA ABLOY е одделен делот на прием од делот за испорака на стока. Ова одделување придонесува за минимизирање на грешките во складирањето и комисионирањето и ја забрзува логистиката.

Согласно безбедносните стандарди, направена е посебна просторија за полнење на виљушкарите. При носењето на одлуката за купување виљушкари, освен од практичноста и квалитетот, се водевме и од почитувањето на еколошките стандарди.

НАЗАД