Друштво за производство, трговија и услуги „КОЛА“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со седиште на ул: „Качанички пат„ бр.254 во Скопје, ЕМБС: 4431995, даночен број: 4030992109204, застапувано преку управител Џоџа Бојаџиевски на ден 23.08.2021 година ја издава следната:
ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Оваа политика за приватност се носи за Вас и Вашите лични податоци и ја демонстрира нашата намера да обезбедиме транспарентни информации со цел подобро да разберете како ги собираме, обработуваме, за што ги користиме и дали и со кого ги споделуваме Вашите лични податоци.
Нашата компанија КОЛА ДООЕЛ Скопје како контролор
Кола ДООЕЛ Скопје е присутна на пазарот од 1992 година и обавува дејност од областа на неспецијализирана трговија на големо.
Транспортот на производите го врши компанијата КОЛА ЛОГИСТИКА, а своето долгогодишно искуство КОЛА го пренесе и на компанијата ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК која самостојно функционира во истата дејност.
Во однос на Вашите лични податоци, нашата улога како контролор е да се грижиме за заштита на Вашите лични податоци, да одлучиме како ќе се обработуваат истите и да овозможиме остварување на Вашите права гарантирани со законските норми.
Седиштето на компанијата е на ул: „Качанички пат„ бр.254 во Скопје.
Тел за контакт: 02 2656-770
Контак е-меил: info@kola.com.mk
Нашиот Офицер за заштита на лични податоци
Заради почитување на важечките закони и Ваша подршка во остварување на Вашите права поврзани со заштита на личните податоци, КОЛА ДООЕЛ назначи Офицер за заштита на личните податоци.
Контакт податоци за Офицерот за заштита на лични податоци се следните:
Име и презиме: Трена Николоска
Е – меил: trena.nikoloska@kola.com.mk
Тел.за контакт: 072 915 861
За сите Ваши прашања и потреба од информации поврзани со заштита на Вашите лични податоци кои ние ги обработуваме, може да се обратите на горните контакт податоци.
На следниот линк може да го најдете образецот за поднесување на
Барање за остварување на Вашите права како субјекти на лични податоци.
Кои категории на Ваши лични податоци и за кои цели се обработуваат?
За потребите на нашата компанија, во рамките на деловното работење, се обработуваат следните лични податоци:
- како клиенти и соработници се обработуваат Вашето име и презиме, ЕМБГ, адреса и број на лична карта, а целта е исполнување на договорните обврски;
- како посетители во нашите простории се обработува Вашиот физички изглед, а целта е заштита на сопственоста и обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории само за безбедносни цели;
- како вработени, соработници, практиканти и апликанти за вработување се обработуваат Вашето име и презиме, адреса, матичен број, податоци кои се однесуваат на Вашето образование и професионална кариера, како и други податоци кои Вие ги доставувате, а целта е исполнување на договорни и законски обврски;
- како посетители на нашата веб страна, се обработуваат информации кои не се лични и се поврзани со содржината која ја гледате и со која ракувате а кои се однесуваат на: софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл.
Кој е правниот основ за обработка на Вашите лични податоци?
Правен основ за обработка на Вашите лични податоци е Вашата согласност за обработка на личните податоци, исполнување на договорни и законски обрски и легитимните интереси на компанијата, а кои не преовладуваат над основните права и слободи на физичките лица како субјекти на лични податоци.
Овие интереси се однесуваат на правото на компанијата како правно лице да презема активности за заштита на имотот и сопственоста и да ја обавува стопанската дејност во дистрибутерскиот сектор, а при тоа да применува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци вклучувајќи и димензионирање на просторот кој е предмет на надзор кој ги опфаќа влезовите во просториите и дел од просториите кои ги владее компанијата.
Колку долго се чуваат Вашите лични податоци?
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на КОЛА ДООЕЛ Скопје.
Во случај на поведена постапка пред надлежни органи, личните податоци се чуваат до завршување на постапката.
Во случај на дадена согласност за обработка, податоците се чуваат до повлекување на Вашата согласност.
Вашите права како субјекти на лични податоци
Согласно Законот за заштита на личните податоци, компанијата овозможува да ги остварувате следните права:
1. да пристапите до Вашите лични податоци;
2. да барате исправка на Вашите лични податоци;
3. да барате бришење на Вашите лични податоци;
4. да барате ограничување на обработката на Вашите лични податоци;
5. да барате пренос на податоците;
6. да приговарате на обработката на Вашите лични податоци која се врши врз основа на легитимен интерес вклучувајќи и приговор за профилирање засновано врз истиот правен основ, или доколку податоците се обработуваат за директен маркетинг вклучително и профилирање за тие цели;
7. да биде обезбедна човечка интервенција, можност да изразите личен став и да ја оспорите одлуката донесена во случај на автоматизирано донесување одлуки;
8. да ја повлечете Вашата согласност за обработка на личните податоци во секое време.
Воедно како субјект на лични податоци Вие имате право во секое време да се обратите до Агенцијата за заштита на личните податоци во врска со остварување на Вашите права гарантирани со Законот за заштита на личните податоци.
Остварување на Вашите права може да побарате на образецот кој е даден во линкот за контакт податоци за Офицерот за заштита на личните податоци.
Како се обезбедува заштита на Вашите права
Во компанијата се преземаат соодветни технички и организациски мерки за заштита на Вашите лични податоци од случајно или намерно уништување, губење, изменување, неовластено откривање или пристап.
Во рамките на системот на заштита на лични податоци, предвидени се и се спроведуваат соодветни контроли од раководните лица во компанијата и Офицерот за заштита на личните податоци, со што се осигурува почитување на имплементираните мерки за заштита.
Дали се споделуваат Вашите лични податоци
Вашите лични податоци не се споделуваат со трети страни освен во случај на склучување на договори за обезбедување на одредени услуги во рамките на деловното работење. Во такви случаи со третите страни се склучуваат договори и се обезбедува гаранција дека нивото на заштита на личните податоци ќе биде најмалку еднакво на нивото на заштита кое го обезбедуваме и гарантираме ние како компанија.
Исто така, до споделување на лични податоци може да дојде по барање на надлежни државни органи при вршење на нивните законски дефинирани надлежности и овластувања.
Користење на колачињa
- Што се колачиња (cookies)?
Колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат во Вашиот уред со кој пристапувате до нашата веб страна заради подобрување на корисничкото искуство и истите се користат од веб-страниците за да ги идентификуваат веб-корисниците.
Со помош на колачињата се оптимизира и унапредува функционалноста на веб-страницата и притоа не се користат личните податоци.
- За што служат колачињата?
Колачињата овозможуваат да се препознае Вашиот пребарувач при следната посета на интернет-страницата и со зачувување на Вашите преференции и други технички информации може да обезбедат персонализирана содржина на веб-страницата и прикажување на навигациската историја на истата.
Колачињата не можат да читаат податоци или информации од Вашиот уред, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет-страници.
- Типови на колачиња кои се користат од нашата веб страна
Кола ДООЕЛ Скопје, користи:
Сесиски колачиња – тоа се привремени колачиња кои постојат само во текот на една онлајн-сесија и исчезнуваат од Вашиот уред кога ќе го затворите Вашиот интернет-пребарувач.
Доколку ја одберете опцијата „Се согласувам“ или со продолжување на користење на веб-страницата, се согласувате за употребата на колачињата опишани во оваа Политика.
Скопје, 23.08.2021 година